Коронавирусот продолжува да се шири низ Европа: Најмногу се погодени Италија, Шпанија и Франција

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) којшто продолжува да се шири низ Европа, во Италија се зголеми на 1.441 лице, во Шпанија на 193, а во Франција на 91 лице

1378395
Коронавирусот продолжува да се шири низ Европа: Најмногу се погодени Италија, Шпанија и Франција
koronavirus.jpg
koronavirus ispanya.jpg
italya kovid korona.jpg
ispanya koronavirus

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој во декември 2019 година се појави во кинескиот град Вухан и оттаму го зафати целиот свет, продолжува да се шири во Европа.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Италија како земја во која се забележани најголем број случаи смрт и зараза во Европа, со смртта на уште 175 лица се зголеми на 1.441 лице, а вкупниот број на случаи на зараза се искачи на 21.157 лица.

Бројот на излечените заедно со уште 527 лица достигна до 1.966.

Бројот на смртните случаи во Шпанија се зголеми на 193, а на случаите на зараза на над 6.250 лица.

Сопругата на шпанскиот премиер Педро Санчез, Бегона Гомез, исто така доби тест позитивен на коронавирус.

Во шпанскиот главен град Мадрид се затворени сите продавници со исклучок на аптеките и супремаркетите, а е упатен и повик до народот да не излегува на улица. Исто така се откажани и верските церемонии за време на Велигден.

Во Франција бројот на починатите се зголеми на 91 лице, а бројот на случаите на зараза на 4.500.

Во Англија за едне ден од Ковид-19 починаа уште 10 лица со што бројот на жртвите достигна до 21 лице.

И покрај тоа што е соопштено дека бројот на случаите на зараза со Ковид-19 изнесува 789 лица, експерти претпоставуваат дека во моментов вирусот е пренесен на 5 до 10 илјади лица во земјата.

Бројот на починатите во Белгија се зголеми на 4 лица, а 689 лица се заразени, Холандија починаа 12 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 959. 

Во Австрија бројот на случаите на зараза се зголеми на 655, во Чешка на 175, Полска на 93, а животот го загубија 2 лице.

Во Словенија и Данска се утврдени првите случаи на смрт.

Бројот на случаите на зараза во Словенија во последните 24 часа се зголеми за 40 и достигна до 181 лице, а во Данска се искачи на 827 лица.

Во Норвешка кадешто бројот на случаите на коронавирус се зголеми на 950 почнувајќи од 16 март, понеделник ќе бидат затворени воздушните и копнените гранични премини на земјата.

Во Србија бројот на заразените се зголеми на 46 лица и Владата донесе забрана за влегување во земјата на странските државјани од Франција, Германија, Словенија, Австрија, Шпанија, Грција и Швајцарија.

Бројот на случаите на зараза во Грција се зголеми на 228, во Словачка на 44, Албанија 38, Унгарија 30, Босна и Херцеговина на 21 лице, а во Косово на 5 лица. 

Во Грција бројот на починатите се зголеми на 3 лица.

Министерот за здравство на Северна Македонија соопшти дека кај шест нови пациенти е потврден коронавирусот (Ковид-19) со што вкупниот број на досега потврдени случаи на коронавирус во земјата изнесува 19, од кои една пациентка е излекувана.

Во Соединетите Американски Држави (САД) пак, бројот на смртните случаи од коронавирусот се зголеми на 58 лица, а над 2.700 лица се заразени со вирусот.

Извршениот тест коронавирус кај американскиот претседател Доналд Трамп е негативен, односно Тој не е заразен од ворусот.

На списокот на забранети земји со којшто се суспендирани сите патувања од Европа за САД, се додадени и Англија и Ирска.

Во Австралија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) досега починаа 3 лица, а се заразени над 250 лица.

Австралискиот премиер Скот Морисон соопшти дека со цел спречување на ширењето на епидемијата е поставен условот за самоизолирање во текот на 14 дена на секој оној кој ќе влезе во земјата.



Слични вести