Во Кина бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 3.193, а во Иран на 611 лица

Во Кина кадешто во извесна мера е намалена брзината на ширење на новиот тип коронавирус (Ковид-19) бројот на починатите се зголеми на 3.193, а во Иран на 611 лица

1378063
Во Кина бројот на починатите од коронавирусот се зголеми на 3.193, а во Иран на 611 лица

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.193 лица. 

Според објавеното соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа  од Ковид-19 во земјата починаа уште 13 лица, а се евидентирани 11 нови случаи на зараза од коронавирусот.

Со тоа вкупниот број на смртните случаи поради епидемијата во Кина се зголеми на 3.193 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза се искачи на 80.824 лица од кои здравствената состојба на 3.610 лица е сериозна.

Бројот на сомнителни случаи се намали на 115, а бројот на лицата кои се наоѓаат под лекарски надзор на 10.879. Досега се излечени и отпуштени од болница 65.541 лице. 

Надвор од континентална Кина, бројот на случаите на зараза во Специјалната административна област Хонгконг се зголеми на 137 лица.

Во Иран, како земја во која се доживеани најголем број човечки загуби по изворната земја Кина и Италија,  со смртта на уште 97 лица во последните 24 часа вкупниот број на човечки загуби од коронавирусот се зголеми на 611 лица.

Бројот на случаите на зараза пак, се зголеми за уште 1.365 лица и достигна до 12.729 лица.

4.339 лица заразени од Ковид-19 пак, се излечени и отпуштени од болница.

Како што се истакнува во Иран во 50 лаборатории се врши тестирање од Ковид-19 дневно на приближно 6 илјади лица. 

Од коронавирусот животот го загуби и бригадниот генерал Насир Шабани, поранешен вршител на должноста командант на штабот Сараллах во Техеран од составот на Иранската Револуционерна гарда.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Јапонија се зголеми на 28 лица, а бројот на утврдените случаи на зараза на 712 лица. 

Во Катар, е утврден вирус кај уште 58 лица со што бројот на случаите на зараза се зголеми на 320 лица.

Во Кувајт е утврден коронавирус кај 80 лица и е упатен повик до народот освен во исклучителни случаи да не излегува надвор и да остане во своите домови. 

Во Газа бројот на заразените од коронавирусот изнесува 38, а во склопот на мерките коишто се преземаат против епидемијата на Ковид-19 се ставени под карантин 2.667 лица.

Во Израел пак, е утврден нов тип коронавирус кај уште 21 лице и вкупниот број на случаи достигна до 164 лица.

По смртта на 10 лица од Ковид-19 и зголемувањето на ризикот од ширење на епидемијата во Ирак, Регионалната курдска управа во Ирак прогласи дводневна забрана за излегување на улица во подрачјето.

Саудиска Арабија соопшти дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) почнувајќи од 15 март од 11:00 часот (по локално време) со исклучок на исклучителните летови во текот на две недели се сопрени сите меѓународни летови.

Во Украина пак, кадешто е утврден првиот случај на смрт од Ковид-19 во текот на две недели ќе бидат затворени границите на земјата за влез на странските граѓани.

Во Азербејџан кадешто се утврдени вкупно 19 случаи на зараза и има починато едно лице, воедно се излечени и отпуштени од болница уште 3 лица. Исто така се одложени за еден месец сите колективни манифестации на територијата на целата земја. 

Бројот на инфектираните лица во Грузија се зголеми на 30, а во Казахстан на 6 лица.

Влезовите и излезите помеѓу Азербејџан и Ерменија се суспендирани во времетраење од 10 дена.

Во Киргизистан пак, кадешто не е утврден Ковид-19 во рамките на активностите за спречување на епидемијата е прогласен распуст  за училиштата во времетраење од 3 недели.

Во меѓувреме е соопштено дека е заразен од коронавирус и индонезискиот министер за транспорт Буди Карја Сумади.

Во Судан тестот на едно лице кои дошло од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) бил позитивен и ова лице го загубило животот.

Во западноафриканската држава Мавританија е утврден првиот случај на зараза од новиот тип коронавирус. Заболеното лице било граѓанин на една европска земја.

Во Судан и во Гамбија е донесена забрана за патување во земји кои се зафатени од коронавирусот, додека во Сенегал бројот на случаи со коронавирус за еден ден се зголеми за два пати и достигна до 21 лице.

Кај едно лице со белгиско државјанство вработено во делегацијата на Гвинеја во Европската унија (ЕУ) е добиен позитивен тест на Ковид-19. На тој начин е утврден првиот случај на коронавирус и во Гвинеја.

Бројот на случаите на зараза во Алжир се зголеми на 27, а во Мароко на 8 лица.



Слични вести