Коронавирусот продолжува да се шири низ Европа: Во Италија починаа 1.441, а во Шпанија 122 лица

Коронавирусот продолжува да се шири низ Европа кадешто бројот на починатите во Италија се зголеми на 1441 лице, во Шпанија на 122, Франција на 79, во Швајцарија на 11 лица и во уште голем број земји

1378065
Коронавирусот продолжува да се шири низ Европа: Во Италија починаа 1.441, а во Шпанија 122 лица

Епидемијата на новиот тип коронавиррус (Ковид-19) кој се појави во декември минаттаа година во кинескиот град Вухан и за кусо време го зафати целиот свет, продолжува да се шири во Европа.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Италија како земја во која се забележани најголем број случаи на зараза во Европа, со смртта на уште 175 лица се зголеми на 1.441 лице, а вкупниот број на случаи на зараза се искачи на 21.157.

Поради Ковид-19 кој се појави пред 3 недели во земјата, вчера е регистриран најголемиот број на смртни случаи во еден ден.

Во Шпанија, бројот на починатите се зголеми на 122 лица, а бројот на случаите на зараза на 4.300 лица така што во земјата е прогласена 15 дневна вонредна состојба.

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече: „Не може да се изостави од вид веројатноста бројот на случаите на коронавирус во Шпанија наредната недела да се зголемат на 10 илјади лица.“

Автономната област Мурциа кадешто живеат 376 илјади лица е ставена под карантин.

Бројот на починатите од епидемијата на коронавирусот во Франција се зголеми на 79, а бројот на инфектирани (заразени) на 3.661 лице. Поради епидемијата е затворен за посети и Ајфеловата кула, едниот од најзначајните симболи на главниот град Париз.

Во Женева во Швајцарија од Ковид-19 животот го загуби една 32 годишна жена, со што бројот на починатите од вирусот се зголеми на 11, а бројот на случаите на зараза во земјата на 1.359 лица.

Во Грција бројот на починатите од вирусот се зголеми на 3 , а на заразени на 192 лица. Утврден е вирус и кај сопругата на портпаролот на грчката Влада Стелјос Пецас.

Турската Република Северен Кипар (ТРСК) поради епидемијата ги затвори своите гранични премини од копно, море и воздух до 1 април.

Бројот на случаите на зараза во Англија се зголеми за уште 208 и достигна до 798 лица, а во Шведска кадешто починаа 2 лица бројот на заразените од вирусот се искачи на 820.

Во Норвешка и во Данска се регистрирани првите случаи на смрт од вирусот.

Данска ги затвори своите граници.

Бројот на починатите од Ковид-19 во Холандија се зголеми на 12, а заедно и со уште 155 нови утврдени случаи бројот на случаите на зараза се зголеми на 959 лица.

Во Австрија досега се заразени 602 лица, во Чешка 150, Полска 84, Словачка 32 и во Унгарија 25 лица.

Бројот на случаите на зараза во Балканските земји, во Србија се искачи на 41, Хрватска 37, Босна и Херцеговина 18, а во Северна Македонија заедно со утврдени уште 6 нови случаи бројот на досега потврдените случаи на коронавирус во земјата изнеусва 19, од кои една пациентка е излекувана. Во Косово пак, се утврдени 5 случаи на зараза од вирусот.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, откако тестот на Ковид-19 на неговата сопруга Софија Трудо излезе позитивен, се стави во карантин. Бројот на инфектираните од вирусот во Канада се зголеми на 152 лице.

Генералното седиште на Обединетите нации (ОН) поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) посака од своите вработени од 16 март до 12 април да работат од дома.

Исто така и Фондот за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) чие седиште се наоѓа во Њујорк им издаде директива на своите вработени да работат од дома.

Бројот на утврдени случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Соединетите Американски Држави (САД) изнесува околу 1.700 лица, а бројот на починатите се зголеми на 41 лице. 

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека поради епидемијата на новиот тип коронавирус прогласува "итна национална состојба" во целата земја.

Трамп информира дека почнувајќи од саботата на полноќ патничките бродови нема да излезат од пристаништата во земјата.

Предизборите во сојузната држава Луизијана за кои е планирано да се одржат на 4 април, поради епидемијата се одложени за 2 месеци.

Училиштата во Вирџинија и во Вашингтон заминаа на распуст од најмалку 2 недели. 

Во централноамериканската држава Ел Салвадор за да не се пренесе епидемијата на земјата кадешто не е утврден случај на зараза, е прогласена итна состојба.

Утврдени се првите случаи на Ковид-19 и во јужноамериканската држава Уругвај и тоа кај 4 лица кои дошле во земјата од италијанскиот град Милан.

Првите случаи на зараза се утврдени и во Венецуела и Гватемала, додека во Колумбија која го затвори граничниот премин со Венецуела бројот на случаите на Ковид-19 се зголеми на 16.

Во Еквадор кадешто бројот на случаи е зголемен на 23 е регистриран и првиот смртен случај.

На Филипините животот го загубија 5 лица, а кај 64 лица е утврден коронавирус. 

Тестовите на филипинскиот претседател Родриго Дутерте и на бразилскиот претседател Жаир Болсонаро се негативни, без зараза од Ковид-19. 

Во Порто Рико пак, е прогласен двонеделен распуст за училиштата.

 

 



Слични вести