Путин одржа состанок со Советот за безбедност посветен на подрачјето на Идлиб во Сирија

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека претседателот Владимир Путин одржа состанок со членовите на Советот за безбедност на земјата посветен на ситуацијата во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија

1377815
Путин одржа состанок со Советот за безбедност посветен на подрачјето на Идлиб во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин со Советот за безбедност разговараше за подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков соопшти дека претседателот Владимир Путин одржа состанок со членовите на Советот за безбедност на земјата.

Велејќи дека на состанокот беше разгледана ситуацијата во Идлиб, Песков рече: „Беше одржан консултационен состанок за применување на постигнатите договори во врска со Идлиб, за време на посетата на претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган на Русија.“

Песков напомена дека беше направена проценка и на ситуацијата во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) и додаде дека воедно беа разменети мислења и по прашањето на флуктуацијата на меѓународните пазари.   

Инаку, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претсеадтел Владимир Путин синоќа остварија телефонски разговор посветен на ситуацијата во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести