Воени авиони на коалицијата за борба против ДЕАШ бомбардираа ирански воени цели во Сирија

Воени авиони на коалицијата ги погодија воената база Имам Али и воените цели во областите за индустрија и Хизам во градот Букемал

1376928
Воени авиони на коалицијата за борба против ДЕАШ бомбардираа ирански воени цели во Сирија

По реализираниот ракетен напад врз воената база Ал Таџи во Ирак, во која се распоредени војници на коалиционите сили, воени авиони на коалицијата предводена од САД во борбата против терористичката организација ДЕАШ, бомбардираа 3 воени цели на Иран, во Сирија, при што се убиени 25 терористи, вклучувајќи и двајца т.н. високи команданти.

Воени авиони на коалицијата ги погодија воената база Имам Али и воените цели во областите за индустрија и Хизам во градот Букемал.

Извори на коалиционите сили соопштуваат дека во нападите врз цели кадешто се наоѓале припадници на Иранската Револуционерна гарда и на странските терористички групи под нејзина команда, се убиени 25 терористи, а десетици се ранети. 

Како што се истакнува, меѓу загинатите во реализираните воздушни напади на полноќ се наоѓаат и двајца т.н. високи команданти и тоа Висам Туфејли т.н. командант на ирачката група Хајдаријун и Али Зехбендерин т.н. командант на групата Зејнебијун составена од пакистански терористи.

Инаку, портпаролот на коалицијата предводена од САД за борба против терористичката организација ДЕАШ полковник Мајлс Кегинс претходно истакна дека воената база Ал Таџи во Ирак кадешто се наоѓаат коалициони сили синоќа беше погодена со ракета, а воедно и американските медиуми информираа дека во нападот загинаа двајца американски војници и еден англиски војник, а 11 војници се ранети.

Надлежни во дадените информации за американските медиуми привлекоа внимание дека нападот за кој станува збор би можел да е реализиран од страна на групи блиски со Иран.



Слични вести