Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи новиот тип коронавирус (Ковид-19) за пандемија

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус соопшти дека е донесена одлука новиот тип коронавирус (Ковид-19) да се прогласи за пандемија (глобална епидемија)

1376643
Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи новиот тип коронавирус (Ковид-19) за пандемија
DSÖ.jpg

Светската здравствена организација (СЗО) го прогласи новиот тип коронавирус (Ковид-19) за пандемија (глобална епидемија). 

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на одржаната прес конференција во седиштето на СЗО во Женева даде изјави во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Велејќи дека во текот на две недели бројот на случаи на зараза од Ковид-19 надвор од Кина се зголеми за 13 пати, а  вирусот е тројно распространет во однос на земјите кадешто е утврден, Гебрејесус соопшти дека е донесена одлука новиот тип коронавирус (Ковид-19) да се прогласи за пандемија, што пак значи глобална епидемија над региони и групи со којашто е зафатен целиот свет. 

Тој рече: „Сега има над 118 илјади случаи на заразени низ 114 земји, а над 900 лица се наоѓаат на интензивна нега само во Италија.“

Тедрос Аданом Гебрејесус нагласи дека Светската здравствена организација (СЗО) прави проценка (ја разгледува, следи) епидемијата нон стоп, во текот на 24 часа, дека се чувствува длабока загриженост од брзината на ширење и силата на вирусот и дека не се стапува во акција во доволна мера, односно не се преземаат доволно превентивни мерки против вирусот.

„Затоа, оценивме дека Ковид-19 може да се окарактеризира и оцени за пандемија.“ - рече Гебрејесус.

Инаку, Светската здравствена организација (СЗО) во врска со епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави во Кина на 30 јануари соопшти дека е прогласена „меѓународна итна состојба-закана за јавното здравје“.

Организацијата како последно прогласи пандемија (глобална епидемија) за вирусот Х1Н1 (H1N1) којшто се појави во 2009 година.



Слични вести