Повик од Меркел за меѓусебна солидарност во борбата против коронавирусот

Не треба да се прикаже безначајно одложувањето на големи организации и манифестации поради коронавирусот

1376481
Повик од Меркел за меѓусебна солидарност во борбата против коронавирусот

Германската канцеларка Ангела Меркел по повод епидемијата од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) упати повик за меѓусебна солидарност.

Канцеларката Меркел на заедничката прес конференција со министерот за здравство Јенс Спан и претседателот на Институтот Роберт Кох – Лотар Вилер рече дека „Вирусот Ковид-19 се прошири и во Германија.

Спречувањето на ширењето на коронавирусот е една од приоритетните задачи и обврски.

Вирусот пристигна и во Европа. Затоа сите сериозно треба да ја сфатиме оваа закана. Сеуште нема некоја терапија или вакцина. Меѓусебната солидарност, нашите срца и разумот поминуваат низ еден тест. Се надевам дека успешно ќе го поминеме овој тест.

Според информациите кои ги добив од експертите, постои голема веројатност околу 60 до 70 отсто од популацијата на Германија да потпадне под неповолното влијание на вирусот.

Особено возрасните и луѓето кои претходно биле болни се наоѓаат под голем ризик. Сега е најзначајно да добиеме во време. Исто така е многу значајно да не дојде до преголемо оптоварување на здравствениот систем“ рече Меркел.

Во продолжение Меркел се осврна и на одложувањето на некои големи организации потенцирајќи дека „не треба да се прикаже безначајно одложувањето на големи организации и манифестации поради коронавирусот.

Тоа не се непотребно усвоени одлуки.

Германија ќе биде во солидарност со Италија, земјата членка на ЕУ која потпадна под најголемо влијание на коронавирусот Ковид-19“ рече Меркел.

Германскиот министер за здравство Јенс Спан рече дека владата е против прогласувањето распуст за учениците и градинките.

Треба да бидеме повнимателни во секојдневниот живот, да покажеме поголема пожртвуваност од аспект на сопствената и заштитата на  другите луѓе.

Претседателот на Институтот Роберт Кох, Веилер рече дека епидемијата се наоѓа на почетокот и додаде дека тоа е процес кој може да трае со години.



Слични вести