ДУМА го прифати предлог амандманот за продолжување на функцијата на Путин

Согласно актуелните членови на уставот на Русија, претседателскиот мандат на Путин завршува во 2024 година

1376089
ДУМА го прифати предлог амандманот за продолжување на функцијата на Путин

Долниот дом на Рускиот парламент Дума го прифати уставниот амандман според кој се предвидува продолжување на мандатот на рускиот претседател Владимир Путин.

На состанокот на генералното заседание на Дума беше изгласана одлуката за уставниот амандман со кој се продолжува мандатот на претседателот Путин.

Предлог уставниот амандман беше усвоен со 380 гласови. 43 пратеници гласаа против, еден пратеник беше воздржан.

Според предлог амандманот беше укината пречката за повторно кандидирање на Путин на претседателските избори.

Во случај на усвојување на уставниот амандман на референдумот што ќе се одржи на 22 април, Путин ќе може да биде претседател до 2036 година.

Владимир Путин првпат за претседател на Русија беше избран во 2000-та година. По двократниот избор за претседател, Путин поради уставниот член со кој се забранува претседателот да биде избран три пати по ред, во периодот од 2008 до 2012 година ја презеде премиерската функција.

На изборите во 2012 година Путин освои 63,6 отсто од гласовите и повторно беше избран за претседател. На изборите во 2018 година Путин освои 76,76 отсто од гласовите.

Согласно актуелните членови на уставот на Русија, претседателскиот мандат на Путин завршува во 2024 година.



Слични вести