Ковид-19: Во Италија починаа 463 лица, а во Северна Македонија потврдени 7 случаи на зараза

Продолжува интензивно да расте бројот на починатите од коронавирусот во Италија кадешто досега животот го загубија 463 лица, а во Северна Македонија бројот на лицата кај кои е потврден овој вирус се зголеми на 7

1375310
Ковид-19: Во Италија починаа 463 лица, а во Северна Македонија потврдени 7 случаи на зараза
Covid-19.jpg
italya
İtalya Korona .jpg

Бројот на смртните случаи од коронавирусот (Ковид-19) во Италија заедно со уште 97 лица кои починаа вчера, се зголеми на 463.

Во земјата кадешто новиот тип коронавирус се појави пред две недели, се наоѓаат на лекување приближно 8 илјади, а досега се излечени 80 лица.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте соопшти дека преземените мерки против коронавирусот ќе бидат применувани во целата земја и дека е ограничено слободното движење, освен во исклучителни случаи.

Конте истакна дека во целата земја е прогласена црвена зона.

Тој рече: „Бројките ни покажуваат дека за жал расте бројот на смртно страданите и бројот на оддели за интензивна нега. Повеќе нема време. Сите треба да се откажеме од одредени работи за доброто на Италија. Бидејќи заразени се голем број луѓе, мораме да ги смениме навиките. Повеќе нема само една црвена зона, постои една Италија, Италија која треба да ја заштитиме. Целата земја ја прогласуваме за црвена зона.“

Во Шпанија, во автономната област Мадрид, кадешто се утврдени најголем број случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) за еден ден бројот на починатите се зголеми за двократно. Бројот на починатите заболени лица од коронавирусот од 8 се зголеми на 16, а бројот на случаите на зараза од 202 на 469 лица.

Бројот на заразените лица во Шпанија пак, изнесува над илјада, така што шпанскиот премиер Педро Санчез соопшти дека во најскоро време ќе биде применуван „план за итна интервенција“, а воедно го повика народот на единство и смиреност.

Во Франција бројот на починатите од Ковид-19 се зголеми на 25, додека е соопштено дека од вирусот е заразен и францускиот министер за култура Франк Риестер.

Во Северна Македонија се потврдени уште три нови случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19), со што бројот на лица кај кои е потврден овој вирус во земјата се зголеми на седум случаи, што пак беше потврдено и од страна на Министерството за здравство на Северна Македонија

Во Германија е соопштено дека во покраината Северна-Рајна Вестфалија од вирусот животот го загубија две лица. Бројот на случаите на зараза пак, изнесуваат над илјада.

Бројот на жртвите од коронавирусот во Велика Британија се зголеми на 5 лица, а бројот на случаите на зараза на 319 лица. Во Швајцарија починаа 2 лица, а кај 369 лица е утврден вирус.   

Бројот на заразените од Ковид-19 во Холандија се зголеми на 321 лице, во Шведска на 252, Белгија 239, Австрија 131, во Грција на 84, Данска 59, Чешка 32, Полска на 16, Словенија 25, Хрватска 13, Албанија 6, Босна и Херцеговина 5, Србија 4 и во Португалија на 32 лица.

Соопштено е дека претседателот на Европскиот парламент (ЕП) Давид Сасоли поради вирусот е ставен под карантин во неговиот дом во белгискиот главен ргад Брисел.

Во САД бројот на случаите на зараза изнесува над 700 во 35 сојузни држави, а досега животот го загубија 26 лице.

Првиот случај со коронавирус е регистриран и во Канада кадешто бројот на случаите на зараза изнесува 77.

Во Јужната кипарско грчка управа исто така е утврден првиот случај на зараза од коронавирусот, а еден случај на зараза е евидентиран и во Турската Републчика Северен Кипар (ТРСК).

 

 



Слични вести