Коронавирусот продолжува да му се заканува на светот: Во Кина починаа 3.139, а во Иран 237 лица

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да одзема животи во Кина кадешто бројот на починатите се зголеми на 3.139 лица, а во Иран досега животот го загубија 237 лица

1375131
Коронавирусот продолжува да му се заканува на светот: Во Кина починаа 3.139, а во Иран 237 лица
Çin_korona virusu.jpg
Çin hotel.jpg
Çin_virus...jpg
çin salgın.jpg
çin.jpg

Бројот на смртните случаи во Кина, предизвикани од новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој му се заканува на целиот свет, се зголеми на 3.139 лица.

Случаите на зараза во оваа земја од кадешто смртоносниот вирус се прошири низ светот се зголемени на 80.754 од кои здравствената состојба на 4.794 лица е сериозна.

За време на активностите за пребарување и спасување од под рушевините на хотелот Шинџиа Експрес во градот Чуенчу во кинеската провинција Фучиен којшто во саботата вечер се сруши, а кој беше користен како центар под карантин со заразени лица од Ковид-19, се извлечени 59 лица од кои 18 го загубија животот, додека 12 лица се уште се наоѓаат затрупани под рушевините.

Во Иран, со смртта на уште 54 лица бројот на починатите се зголеми на 291 лица, а бројот на случаите на зараза се искачи на 8.042 лица. Меѓу лицата кои ги загубија животите од коронавирусот се наоѓаат и високи функционери, а за прв пат еден град е ставен под карантин.

Градот Чабахар во провинцијата Систан-Белуџистан во југоисточниот дел на Иран, во рамките на мерките против коронавирусот е ставен под карантин.

Бројот на починатите од коронавирусот во Ирак се зголеми на 7 лица, а бројот на случаите на зараза е ажуриран на 62 лица.

Израелската управа донесе одлука Израелците кои се враќаат во земјата и странците кои влегуваат во земјата, поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) да бидат ставени во карантин во текот на 14 дена. 

Бројот на случаите на зараза од Ковид-19 во Египет се зголеми на 59, а во Саудиска Арабија на 20 лица.

Во Либан пак, е регистриран првиот случај на смрт од новиот тип коронавирус.

На африканскиот континент бројот на лицата кај кои е утврден коронавирус во земји како што се Алжир, Сенегал, Египет, Мароко, Нигерија, Тунис, Јужноафриканската Република, Камерун и Того се зголеми на 94 лица.



Слични вести