Џефри: Доколку Русија или режимот го прекршат прекинот на огнот можеме да одговориме со санкции

Специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри рече: „Доколку Русија или режимот го прекршат прекинот на огнот би можеле да одговориме со санкции“

1375840
Џефри: Доколку Русија или режимот го прекршат прекинот на огнот можеме да одговориме со санкции

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри направи проценка на прекинот за огнот во Идлиб постигнат помеѓу Турицја и Русија на 5 март во Москва во врска со што соопшти дека доколку Русија или режимот на Бешар Асад го прекршат прекинот на огнот во подрачјето на Идлиб во Сирија, САД би можеле да одговорат со санкции.

Џефри рече: „Доколку Русија или режимот го прекршат прекинот на огнот би можеле да одговориме со санкции.“

Тој воедно појасни дека се разгледува што би можело да направи НАТО за да и помогне на Турција во Идлиб.

Велејќи дека лично не верува оти Русија и режимот сакаат траен прекин на огнот во Идлиб, специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри го додаде следното: „Тие сакаат да постигнат победа во цела Сирија.“



Слични вести