Во воздушен напад на САД убиен висок командант на терористичката организација Еш Шебаб во Сомалија

Државното радио на Сомалија, соопшти дека Махамуд кој управувал со нападите на Еш Шебаб и за кого е распишана награда за негово фаќање или неутрализирање, е убиен во реализираниот воздушен напад од страна на САД на 22 февруари во областа Џуба

1374822
Во воздушен напад на САД убиен висок командант на терористичката организација Еш Шебаб во Сомалија

Во реализиран воздушен напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД) е убиен Башир Мохамед Махамуд, еден од високите команданти на терористичката организација Еш Шебаб во Сомалија.

Државното радио на Сомалија, соопшти дека Махамуд кој управувал со нападите на Еш Шебаб и за кого е распишана награда од 5 милиони долари за негово фаќање или неутрализирање, е убиен во реализираниот воздушен напад од страна на САД на 22 февруари во областа Џуба во јужниот дел на земјата.

Терористичката организација Еш Шебаб која држи под окупација голем број села и населени места на југот на Сомалија, често реализира напади против безбедносните сили и цивилите.

Командата на силите на САД за Африка (АФРИКОМ) во направената проценка во врска со реализираниот воздушен напад на 22 февруари во Сомалија соопшти дека е убиен челникот на Еш Шебаб кој го испланирал нападот врз американската база во Кенија, и неговата сопруга.

Инаку, терористичката органзиација Еш Шебаб на 5 јануари реализира напад врз воената база во Биволскиот залив кадешто се распоредени американски војници и притоа беа убиени тројца припадници на американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) од кои двајца цивили и еден војник.

По овој напад, САД започнаа операција од широк обем претежно со воздушни напади, против Еш Шебаб во овој регион.



Слични вести