Во Иран продолжува да расте бројот на починатите и на случаите на зараза од коронавирусот

Бројот на починатите од коронавирусот во Иран со смртта на уште 43 лица се зголеми на 237, додека директорот за здравство на провинцијата Гилан Мухамед Хусејин Курбани истакна дека бројот на смртните случаи во провинцијата изнесува над 200

1374325
Во Иран продолжува да расте бројот на починатите и на случаите на зараза од коронавирусот
İran Korona
iran.JPG
doktor iran crona.jpg
iran.jpg
iran kovid koronavirus.jpg

Бројот на заразените лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот, кој се појави во градот Вухан во кинеската провинција Хубеј, се зголеми на 110.090 лица и продолжува да расте бројот на смртните случаи од смртоносниот вирус.

Бројот на починатите од коронавирусот во Иран со смртта на уште 43 лица се зголеми на 237, а се евидентирани 7.161 случај на зараза.

Директорот за здравство на провинцијата Гилан Мухамед Хусејин Курбани пак, во говорот што го одржа на вонредниот состанок за здравство рече: „Во Гилан од коронавирусот починаа повеќе од 200 лица.“

Пратеникот од Техеран Гуламриза  Хајдари истакна дека властите во Техеран во врска со ширењето на коронавирусот го лажеа народот и рече: "Вистините беа соопштени доцна. Оваа состојба ја зголеми недовербата."

Како последно е соопштено дека Ковид-19 е утврден и кај претседателот на Институцијата за национално управување со кризи Исмаил Неџар.

Во Иран во рамките на борбата против новиот тип коронавирус се пуштени од затвор 70 илјади затвореници на кои им е дадена дозвола да заминат во своите домови.

Пратеникот и член на Комисијата за национална безбедност и надворешни политики во Собранието Шехруз Берзегер рече дека освен Ковид-19 во земјата постои уште еден вид на вирус којшто е проширен од страна на Соединетите Американски Држави (САД), а чие потекло не се знае. 

Во Ирак од новиот тип коронавирус (Ковид-19) бројот на починатите се зголеми на 6, додека бројот на утврдените случаи на зараза се искачи на 62 лица.

Во Египет од коронавирусот почина едно лице германски државјанин со што е регистриран и првиот смртен случај во оваа земја. Бројот на случаите на зараза од вирусот Ковид-19 во Египет како последно беше соопштено дека изнесува 55.

Бројот на лицата кај кои е утврден Ковид-19 во Русија се зголеми на 20, а во Индонезија на 6 лица.

Во Бангладеш е соопштено дека за прв пат е регистриран коронавирус кај 3 лица. Како што е установено двајца од трите лица за кои станува збор, во блиско време се вратиле од Италија, додека третото лице било заболено од вирусот по воспоставениот контакт со овие две лица кои дошле од Италија. 

Во Тунис е утврден вториот случај на зараза од Ковид-19, додека бројот на случаи на зараза во Бахреин е зголемен на 85, во Кувајт на 64, Либан 32, Алжир 20 и во Катар на 15 лица.

Израел, во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) го затвори својот копнен гранчен премин со Египет. Според податоците на израелското министерство за здравство, во земјата е утврден Ковид-19 кај 39 лица од кои повеќето биле лица кои се вратиле од Италија.

Бројот на заразените од новиот тип коронавирус во Палестина се зголеми на 26 лица. 

Властите на Саудиска Арабија го ставија под карантин градот Катиф во источниот дел на земјата, претежно населен со шиитско население, а со цел да се спречи ширењето на новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Воедно и саудиското министерство за образование соопшти дека поради епидемијата на Ковид-19 е донесена пауза од 2 недели во образованието. Во објавеното писмено соопштение од Министерството за здравство пак, се истакнува дека по утврдување на Ковид-19 кај уште 4 лица, бројот на случаите на зараза од вирусот се зголеми на 11.

Саудиска Арабија го сопре за привремено патувањето на своите граѓани и на странците кои живеат во земјата, за земји како што се Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Кувајт, Бахреин, Либан, Сирија, Јужна Кореја, Египет, Италија и Ирак.

Бројот на починатите од коронавирусот во Јужна Кореја пак, достигна до 53 лица, додека брзината на раст во случаите на зараза дневно од епидемијата на Ковид-19 заклучно со крајот на неделата е намалена.

Во неделата се утврдени 367 нови случаи на зараза, додека бројот на нови случаи во псоелдните 24 часа е намален на 96.

Вкупниот број на случаи на зараза во Јужна Кореја изнесува 7.478.

Во Катар, поради коронавирусот е направена пауза во образованието.



Слични вести