Лејен: По прашањето на мигрантите треба да им обезбедиме поддршка ѝ на Турција ѝ на Грција

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен истакна дека поради товарот што го преземаат по прашањето на мигрантите треба да им се обезбеди поддршка за тоа ѝ на Турција ѝ на Грција

1374866
Лејен: По прашањето на мигрантите треба да им обезбедиме поддршка ѝ на Турција ѝ на Грција

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен по повод 100-тиот ден од своето претседателствување со Комисијата, одржа прес конференција во белгискиот главен град Брисел.

Лејен овде се осврна на мигрантскиот бран кој се движи кон Европа и истакна дека поради товарот што го преземаат по прашањето на мигрантите треба да им се обезбеди поддршка за тоа ѝ на Турција ѝ на Грција. 

Урсула фон дер Лејен напомена дека ова прашање ќе биде поставено на разгледување на лидерскиот состанок на Турција и Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи вечерва со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел.

Подвлекувајќи дека ситуацијата во мигрантските кампови во Грција е многу сериозна, Лејен истакна дека чувствува голема загриженост особено во врска со децата мигранти без свои родители и старатели.

Таа укажа на тоа дека итно треба да се обезбеди потребната нега за овие деца и нагласи дека побарала помош од земјите членки на ЕУ, по ова прашање.

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лејен соопшти дека Франција, Португалија, Луксембург, Финска и Германија прифатиле да примат деца мигранти без родители и старатели, а воедно рече дека постои поголема потреба од помош.

Лејен потсети дека за мигрантите во Сирија ќе се достави помош во износ од 60 милиони евра и рече следното: „ЕУ е многу поподготвена во споредба со 2015 година, а треба да бидеме и подобри.“

Лејен соопшти дека Европската унија (ЕУ) својот нов договор за миграција ќе го соопшти по април.



Слични вести