Германија ќе прими деца мигранти од Грција

Во веста објавена од страна на германската новинска агенција (ДПА), се истакнува дека одлуката била донесена на состанокот што се одржа под претседателство на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на партиите кои ја сочинуваат владата

1374726
Германија ќе прими деца мигранти од Грција

Германија ќе прими еден дел од децата кои се наоѓаат во камповите во Грција и кои особено имаат потреба од заштита.

Во веста објавена од страна на германската новинска агенција „ДПА“, се истакнува дека одлуката била донесена на состанокот што се одржа под претседателство на германската канцеларка Ангела Меркел со лидерите на партиите кои ја сочинуваат владата.

Како што стои во веста, во одлуката се истакнува дека се посакува да се формира „волонтерска коалиција“ во Европската унија (ЕУ) и се нагласува дека во тие рамки Германија ќе прими одреден број деца мигранти.

Во веста се вели дека Германија поради човечката состојба на грчките острови сака да прими 1000-1500 деца мигранти и со тоа да ја поддржи Грција, а воедно се подвлекува дека децата за кои станува збор ќе бидат избрани меѓу болни деца кои имаат потреба од итно лекување или деца помали од 14 години кои немаат родители или старател.

Претседателката на Демохристијанската унија (ЦДУ) Анегрет Крамп-Каренбауер во дадената изјава за радиото „Deutschlandfunk“ истакна дека лично верува оти за примање на децата мигранти од Грција кон „волонтерската коалиција“ ќе се приклучат и други земји на Европската унија (ЕУ).

Крамп-Каренбауер привлече внимание дека таков сигнал е добиен од Франција и напомена дека верува оти затоа „волонтерската коалиција“ ќе биде составена од повеќе од две земји.



Слични вести