Ковид-19: Во Италија починаа 233 лица, во Северна Македонија се потврдени 3 случаи на зараза

Бројот на починатиот од коронавирусот во Италија со смртта на уште 36 лица досега се зголеми на вкупно 233 лица, додека бројот на потврдени случаи на зараза се искачи на 5.061

1374114
Ковид-19: Во Италија починаа 233 лица, во Северна Македонија се потврдени 3 случаи на зараза
italya kovid.jpg
italya covid.jpg
italya kovid.JPG
italya koronavirüs.jpg
italya covid kovid.JPG

Новиот тип коронавиорус (Ковид-19) кој на 12 декември 2019 година се појави во градот Вухан во Кина продолжува да се шрири со голема брзина и во европските земји.

Бројот на починатиот од коронавирусот во Италија со смртта на уште 36 лица досега се зголеми на вкупно 233 лица, додека бројот на потврдени случаи на зараза се искачи на 5.061.

Италија освен тоа што е најмногу погодена земја од вирусот во Европа, воедно е едната од најтешко погодените земји од смртоносниот вирус (Ковид-19) и во светот.

Италија  стави во карантин 14 града во северната област Ломбардија кадешто живеат 16 милиони луѓе, односно околу една четвртина од населението во земјата, а со цел да се спречи понатамошното ширење на коронавирусот.

Под карантин се ставени градовите Модена, Парма, Пјаченца, Реџио Емилија, Римини, Песаро е Урбино, Алесандрија, Асти, Новара, Вербано Кусио Осола, Верчели, Падова, Тревизо и Венеција.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Франција се зголеми на 11, а во Малта е утврден првиот случај на зараза.

Во Шпанија бројот на случаите на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) со уште 83 зазарени лица се зголеми на 441 лице, а бројот на починатите се искачи на 10 лица.

Бројот на случаи на зараза во Швајцарија се зголеми на 264 лица. Во 20 од вкупно 26 кантони во оваа земја е утврден вирус и процентот на случаите на зараза кај мажите изнесува 55 отсто, а кај жените 45 отсто.

Во Холандија бројот на случаи на зараза се зголеми на 188, во Белгија на 149, Австрија 81, Чешка 19, Романија 11 и во Унгарија и Полска на 5 лица.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини соопшти дека од понеделникот ќе бидат сопрени авионските патувања и во двата правци помеѓу Словачка и Италија.

Во меѓувреме, се истакнува дека е добиен позитивен тест за присуство на нов тип коронавирус кај еден маринец на флотата на САД на задача во Единицата за поморска поддршка, укотвена во италијанскиот град Наполи.

Во Балканските земји првиот случај на коронавирус беше утврден во Хрватска кадешто бројот на случаи на зараза се зголеми на 12.

Во Северна Македонија по првиот потврден случај на зараза се потврдени уште два нови случаи на нов тип коронавирус (Ковид-19) со што бројот на лица кај кои е потврден овој вирус во земјата се зголеми на три што пак беше потврдено и од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Во Босна и Херцеговина освен досега потврдените случаи на зараза кај 2 лица нема пораст во бројот на случаите, меѓутоа е соопштено дека 221 лице се наоѓаат под лекарски надзор. 

Во градот Њујорк во САД по зголемувањето на бројот на случаите на зараза на 76 е прогласена „итна состојба“ во оваа сојузна држава.

Во јужноамериканската држава Аргентина пак, поради коронавирусот (Ковид-19) животот го загуби едно лице.



Слични вести