Расте бројот на смртните случаи од коронавирусот во светот: Во Италија починаа 197 лица

Вчера во Италија од вирусот животот го загубија уште 49 лица со што вкупниот број на починатите во оваа земја се зголеми на 197 лица

1373762
Расте бројот на смртните случаи од коронавирусот во светот: Во Италија починаа 197 лица

Продолжува да расте бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во светот.

Вчера во Италија од вирусот животот го загубија уште 49 лица со што вкупниот број на починатите во оваа земја се зголеми на 197 лица.

Бројот на смртните случаи од коронавирус во Франција се зголеми на 9 лица, а бројот на случаи на зараза од вирусот достигна до 577.

Во Шпанија со смртта на едно заболено лице на 91 годишна возраст бројот на починатите се искачи на 6 лица, а во автономната област Мадрид се забранети за посета 213 Домови за старци.

Бројот на случаите на Ковид-19 во Романија достигна до 9 лица.

Првиот случај на новиот тип коронавирус (Ковид-19) е утврден и во западноафриканската држава Того.

Премиерот на Того Коми Селам Класоу истакна дека здравствената состојба на заболеното лице кое е ставено во карантин во универзитетската болница во главниот град Ломе, е добра.

Во реализираните тестови на патниците на џиновскиот брод со 3.500 лица во морето во близина на сојузната држава Калифорнија во САД, кај 21 лице е утврден нов тип на коронавирус (Ковид-19).

Русија, поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го забрани за привремено влезот во земјата за граѓаните кои ќе доаѓаат од Иран.



Слични вести