Коронавирусот продолжува да одзема животи во Кина: Бројот на починатите се зголеми на 3.072

Коронавирусот продолжува да одзема животи во Кина каде што заедно со уште 28 починати лица во последните 24 часа, бројот на смртните случаи се зголемија на 3.072 лица

1373706
Коронавирусот продолжува да одзема животи во Кина: Бројот на починатите се зголеми на 3.072

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.072 лица.

Во последните 24 часа во земјата животот го загубија уште 28 лица, а се евидентирани 99 нови случаи на зараза. 

Вкупниот број на смртните случаи во Кина се зголеми на 3.072 лица од кои двајца во Специјалната административна област Хонгконг. 

Вкупниот број на заразени од новиот тип коронавирус (Ковид-19) пак, се искачи на 80.651 лице од кои здравствената состојба на на 5.489 лица е тешка.

Бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од вирусот изнесува 502, додека бројот на лицата кои се наоѓаат под лекарски надзор е намален на 22.177.

Досега се излечени и отпуштени од болница 55.404 лица.

Поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот, голем број земји меѓу кои и Турција ги евакуираа своите граѓани кои останаа заглавени во кинескиот град Вухан.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.



Слични вести