Џејмс Џефри: Не верувам дека Русија и Асад ќе постигнат победа во Идлиб

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри истакна дека не верува оти Русите и Асад ќе постигнат победа во подрачјето на Идлиб

1373819
Џејмс Џефри: Не верувам дека Русија и Асад ќе постигнат победа во Идлиб

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави (САД) за Сирија Џејмс Џефри изјави за телевизискиот канал „CBS News“ дека режимот претходно со помош на Русија зазеде некои места во Сирија од рацете на опозиционерите, меѓутоа рече дека подрачјето на Идлиб е поразлично од нив.

Џефри истакна дека не верува оти Русите и Асад ќе постигнат победа во подрачјето на Идлиб.

Џејмс Џефри рече: „Не мислам дека Русите и Асад ќе постигнат победа во Идлиб и причината за тоа е тоа што Турците не можат да се повлечат назад, во спротивно на 4 милиони сириски бегалци ќе се додат уште 3 милиони и тоа не можат да го поднесат физички. Тоа беше и она што го видовме на границата и не мислам дека е можно да се справат со тоа. Затоа, за стопирање на овој напад ќе мораат во значителна мера да ги искористат своите воени сили.“

Велејќи дека Русија ги одби сите доставени предлози на САД за компромис и дека врши притисок за воена победа, специјалниот претставник на САД за Сирија Џејмс Џефри, рече: „Прашање кое што го вели Турција и кое го поддржуваме и ние е тоа дека прекинот на огнот веќе треба да биде реален и траен. На теренот треба да постои линија којашто нема да се прекршува од ничија страна.“



Слични вести