Шефовите на дипломатии на ЕУ разговараа за мигрантската раздвиженост на турско-грчката граница и односите на ЕУ со Турција и Русија

На состанокот, беше разговарано за последните случувања во Сирија, мигрантската раздвиженост на турско-грчката граница и односите на Европската унија (ЕУ) во Турција и Русија

1373659
Шефовите на дипломатии на ЕУ разговараа за мигрантската раздвиженост на турско-грчката граница и односите на ЕУ со Турција и Русија

Вонредниот состанок на министрите за надворешни работи (Советот за надворешни односи) на Европската унија (ЕУ) се одржа во главниот град на Хрватска, Загреб.

На состанокот беше разговарано за последните случувања во Сирија, мигрантската раздвиженост на турско-грчката граница и односите на Европската унија (ЕУ) во Турција и Русија.

Високиот претставник на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и Гордан Грлиќ Радман, министерот за надворешни работи и европски прашања на Хрватска, привремениот претседавач со Советот на Европската унија (ЕУ), по состанокот дадоа изјава за претставниците на печатот.

Жозеп Борел истакна дека беа разгледани последните случувања во Идлиб и дека што поскоро треба да се премине во акција за решавање на тешката човечка криза во подрачјето.

Борел информира дека е донесена одлука на 29 и 30 јуни во главниот град на Белгија, Брисел, да се одржи конференција посветена на иднината на Сирија.

Велејќи дека во објавеното заедничко сооопштение на крајот на состанокот е нагласена и потребата од што поскоро ставање крај на судирите, Борел изрази уверување дека постигнатата спогодба помеѓу Турција и Русија ќе обезбеди подобра можност за доставување на хуманитарна помош во подрачјето.

Борел потсети дека Турција која згрижува 4 милиони бегалци е земја која е домаќин на најголем број бегалци во светот, а воедно го рече следното: „Треба да го разбереме притисокот врз Турција. Има и голем број луѓе кои чекаат од Сирија да преминат во Турција. Треба да го видиме овој проблем и да дадеме придонес за негово решавање.“

Министерот за надворешни работи и европски прашања на Хрватска, привремениот претседавач со Советот на Европската унија (ЕУ), Гордан Грлиќ Радман пак, истакна дека прекинот на огнот во Идлиб би можел да одигра клучна улога и во мигрантската раздвиженост на границата на Грција.

Радман напомена дека од крајно големо значење е да се продолжи политичкиот дијалог со Турција.

Во објавеното заедничко соопштение на крајот на состанокот пак, беше упатен повик до Асадовиот режим под итно да се врати назад на преговарачката маса.



Слични вести