Руските медиуми: „Средбата Ердоган-Путин ќе помогне во подобрувањето на состојбата во Идлиб“

Руските медиуми направи проценка на вчерашната средба во Москва меѓу претседателите Ердоган и Путин

1373608
Руските медиуми: „Средбата Ердоган-Путин ќе помогне во подобрувањето на состојбата во Идлиб“

Руските медиуми посочија дека средбата меѓу претседателот Реџеп Тајип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин ќе биде од голема помош за подобрување на состојбата во Идлиб во Сирија.

Руските медиуми направи проценка на вчерашната средба во Москва меѓу претседателите Ердоган и Путин.

Рускиот весник „Ведомости“ во веста под наслов „Русија и Турција постигнаа согласност в врска со примирјето во Идлиб“ истакнува дека двете земји постигнаа согласност во врска со заедничкиот документ.

Весникот „Известија“ во веста под наслов „Процесот на примирје: Рускиот и турскиот лидер постигнаа согласност околу новиот документ“.

Во веста беше употребен изразот дека „средбата ќе помогне во подобрувањето на состојбата во подрачјето“.

Весникот „Росијскаја Газета“ истакнува дека средбата која траеше 6 часа ќе помогне во постигнувањето на мировниот процес за решавање на ситуацијата во Идлиб во врска со кој настан двајцата лидери постигнаа согласност.

Руската новинска агенција ТАСС во веста под наслов „Русија и Турција најдоа решение на состојбата во Идлиб“ истакнува дека двете земји остануваат приврзани кон начелото за заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.



Слични вести