Помпео: „Ги разгледуваме и вреднуваме сите опции за поддршка на Турција“

Турција како наша сојузничка земја во НАТО веруваме дека има право на самоодбрана против ризикот од режимот на Асад, Русите и Иранците

1373143
Помпео: „Ги разгледуваме и вреднуваме сите опции за поддршка на Турција“

Американскиот државен секретар за надворешни работи Мајк Помпео рече дека ги разгледуваат и вреднуваат сите опции за поддршка на Турција во остварувањето на нејзиното право на самоодбрана во Идлиб во Сирија.

На прес конференцијата што ја одржа во зградата на Министерството Помпео одговараше на прашањата на новинарите и направи проценка на случувањата во Идлиб.

Помпео рече дека во нападите на Русија, режимот на Асад и Иран во Идлиб загинаа сто илјадници лица и упати повик до страните да се вратат кон начелата на договорот во Сочи постигнат меѓу Русија и Турција во 2018 година и да се постигне примирје.

Помпео меѓудругото истакна дека Турција има одредени барања од САД и додаде:

„Турција име одредени барања од нас. Моментално ги разгледуваме истите. Ги истражуваме можностите за намалување на насилството и спречување на големата човечка криза. Меѓудругото Турција како наша сојузничка земја во НАТО веруваме дека има право на самоодбрана против ризикот од режимот на Асад, Русите и Иранците.“



Слични вести