Бројот на починатите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 3.044 лица

Според објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа во земјата починаа уште 30 лица, а се евидентирани и 143 нови случаи на зараза од коронавирусот, со што бројот на починатите се зголеми на 3.044 лица

1373175
Бројот на починатите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 3.044 лица

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.044 лица.

Според објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа во земјата починаа уште 30 лица, а се евидентирани и 143 нови случаи на зараза од коронавирусот.

Кинески научници открија дека од 103 собрани примероци кај 101 примерок на Ковид-19 се утврдени две различни подверзии на вирусот. 

Епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) која за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија прогласи „итна состојба“.

 

 



Слични вести