Жозеп Борел: ЕУ треба да презентира поактивен став по прашањата на Либија и Сирија

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, истакна дека ЕУ треба да презентира поактивен став по прашањата на Либија и Сирија

1372893
Жозеп Борел: ЕУ треба да презентира поактивен став по прашањата на Либија и Сирија

Неформалниот состанок на министрите за одбрана на Европската унија (ЕУ) се одржа во Загреб, главниот град на Хрватска како земја која ја извршува функцијата привремен претседавач со Советот на Европската унија.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, истакна дека ЕУ треба да презентира поактивен став по прашањата на Либија и Сирија.

Жозеп Борел на одржаната прес конференција посостанокот на кој бее разгледана соработката меѓу НАТО и Европската унија (ЕУ), соопшти дека едното од значајните прашања кои што ќе бидат разгледани на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ и состанокот на Советот за надворешни односи на ЕУ, е прашањето со Русија.

Велејќи дека по прашањето на Русија постои потреба од европска политика, Борел ја изнесе следната констатација: „Против некои сценарија коишто се доживуваат со Русија, поготово по прашањата на Либија и Сирија коишто влијаат директно на нас треба да презентираме поактивен став.“

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел најави дека по операцијата Софија којашто се спроведува против криумчарењето со луѓе во Средоземното Море ќе биде започната уште една нова операција и додаде дека и оваа операција ќе биде фокусирана на ембаргото на оружје.



Слични вести