Во напад на руските воени авиони во подрачјето на Идлиб животот го загубија 16 цивили

Извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) соопштуваат дека во бомбардирањето на руските воени авиони во подрачјето на Идлиб загинаа 16 цивили, а 18 мина се ранети

1372499
Во напад на руските воени авиони во подрачјето на Идлиб животот го загубија 16 цивили

Во реализиран напад од страна на руските воени авиони чија цел беа цивили кои се засолнале во една фарма за кокошки во месноста Маретмисрин во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 16 цивили, а 18 мина се ранети.

Според Авионската опсерваторија на воените опозиционери, руските воени авиони во 03:30 часот реализираа воздушен напад врз месноста Маретмисрин.

Извори за Цивилна одбрана (Белите Беретки) соопштуваат дека во бомбардирањето загинаа 16 цивили, а 18 мина се ранети, кои инаку се засолнале во една фарма за кокошки.

Станува збор за цивили кои биле раселени.

Екипите за Цивилна одбрана истакнуваат дека ранетите биле префрлени на лекување во здравствените центри во областа и дека активностите за пребарување и спасување, како и кревање на рушевините продолжуваат.



Слични вести