Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше телефонски со рускиот претседател Путин

Шарл Мишел истакна дека му го доставил на Путин својот став во однос на тоа дека за постигнување на одржлив прекин на огнот во Идлиб и за ставање крај на војната во Сирија, треба да се постигне политичко решение

1372808
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел разговараше телефонски со рускиот претседател Путин

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин посветен на подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Мишел на својот профил на социјалната мрежа Твитер сподели објава во врска со телефонскиот разговор со Путин.

Шарл Мишел истакна дека му го доставил на рускиот претседател Владимир Путин својот став во однос на тоа дека за постигнување на одржлив прекин на огнот во Идлиб и за ставање крај на војната во Сирија, треба да се постигне политичко решение. 

Претседателот на Европскиот совет (ЕС) Шарл Мишел во својата објава нагласи дека треба да се стави крај на болките и страдањата на цивилите во Сирија и рече дека приоритет претставува хуманитарната помош.



Слични вести