Повик од Столтенберг до Асадовиот режим и Русија да стават крај на нападите во Сирија

Генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз Столтенберг од главниот град на Хрватска, Загреб, упати повик до Русија и Асадовиот режим што поскоро да стават крај на нападите во Сирија

1372279
Повик од Столтенберг до Асадовиот режим и Русија да стават крај на нападите во Сирија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во главниот град на Хрватска, Загреб, се состана со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ со кого потоа одржаа  и заеднички состанок за претставниците на печатот.

Во оваа пригода, генералниот секретар на Северноатлантскиот сојуз Столтенберг упати повик до Русија и Асадовиот режим што поскоро да стават крај на нападите во Сирија.

Столтенберг ситуацијата во Сирија ја окарактеризира како „мошне искомлицирана и отежнувачка“ и го рече следното: „За проблемот во Сирија треба да се изнајде политичко решение. Асадовиот режим и Русија што поскоро треба да стават крај на нападите во Сирија, да ги почитуваат меѓународните правни норми и да дадат поддршка на мирољубивото решение на Обединетите нации (ОН). 

Јенс Столтенберг наведе дека во последните денови и Грција се наоѓа под тежок товар на мигрантите.

Столтенберг воедно напомена дека во наредните недели како што рече „ќе ѝ се посака добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО, во врска со што подвлече дека НАТО е посветен на стабилноста и безбедноста во Западен Балкан и дека Хрватска во тоа има значајна улога.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече: „Вие (Хрватска) сте голем борец на политиката на НАТО, ја цениме вашата политичка поддршка за пристапувањето на Северна Македонија. Овој процес е во тек и во наредните недели ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30. членка на НАТО.“

Хрватскиот премиер Андреј Плековиќ пак, нагласи дека на остварената средба со Столтенберг била разгледана и глобалната мигрантска криза и дека нивниот став по прашањето на спречување на нерегуларната миграција е јасен, дециден и строг.

Подвлекувајќи дека Хрватска расолага со искуство поради доживеаната мигрантска криза во 2015-2016 година, Пленковиќ рече: „Во соработка со Европската унија (ЕУ) и НАТО ќе работиме за спречување на новите мигрантски бранови.“



Слични вести