Повик од Педерсен за итно дипломатско решение за Сирија на денешниот самит помеѓу Ердоган и Путин

Специјалниот претставник на ОН Геир О. Педерсен повика да са изнајде итно дипломатско решение за Сирија на денешниот самит на кој ќе се состанат во Москва претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

1372335
Повик од Педерсен за итно дипломатско решение за Сирија на денешниот самит помеѓу Ердоган и Путин

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен, во говорот што го одржа на состанокот на министрите за надворешни работи на Арапската лига (АЛ) во египетскиот главен град Каиро истакна дека граѓанската војна во Сирија влезе во својата десета година и го рече следното: „Како што гледаме повторно денеска, судирите им се закануваат на регионалниот и глобалниот мир и на безбедноста.“

Педерсен повика да се изнајде итно дипломатско решение за Сирија на денешниот самит на кој ќе се состанат во Москва претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин.

Појаснувајќи дека Сиријците внатре во земјата и надвор од земјата ги очекува „една неизвесна иднина“, Педерсен продолжи со следните зборови: „Нашата заедничка цел е наместо тоа, да ја стабилизираме Сирија, да ги обезбедиме условите за безбедно, доброволно и достоинствено враќање на мигрантите назад во своите домови и да воспоставиме подобра иднина за сите Сиријци.“

Педерсен рече дека се работи за политичко решение во Сирија, меѓутоа предупреди дека на вратата се наоѓа поголема затегнатост и војна како што е пример со Идлиб и дека тоа пак, само по себе ќе донесе повеќе смрт и раселувања.

Укажувајќи на бомбардирањата коишто ги врши режимот на Бешар Асад, без притоа да го изговори неговото име, од копно и од воздух во Идлиб, Педерсен појасни дека од 1 декември 2019 година досега се раселени од своите места повеќе од 900 илјади цивили.

Тој привлече внимание дека 81 отсто од раселените цивили го сочинуваат жени и деца.

Специјалниот претставник на Обединетите нации (ОН) за Сирија Геир О. Педерсен исто така истакна дека продолжуваат да се гаѓаат цивилни објекти како што се училишта и здравствени установи во Идлиб и го рече следното: „Присутната криза е едната од најлошите кризи коишто се доживеани од почетокот на војната во Сирија досега.“



Слични вести