Брз воз во Франција излета од шините

Брзиот воз во кој се наоѓаа 348 патници од шините излета во близината на гратчето Саверн во Франција.

1372593
Брз воз во Франција излета од шините

Како последица излетувањето на брзиот воз на Француската национална железничка компанија (СНЦФ) кој патуваше на релација од Стразбур за Париз беа повредени 21 лице.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на губернијата на Долна Рајна, брзиот воз во кој се наоѓаа 348 патници од шините излета во близината на гратчето Саверн во Франција.

Во несреќата беа повредени 21 лице. Продолжува евакуацијата на патниците.

Во соопштението кое беше објавено од страна на СНЦФ беше истакнато дека машиновозачот на возот е потешко повреден.



Слични вести