Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 3.014 лица

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека во последните 24 часа поради од короноварисурот во земјата починаа уште 31 лице и се евидентирани 139 нови случаи на зараза од вирусот, а бројот на починатите се зголеми на 3.014

1372373
Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Кина се зголеми на 3.014 лица

Бројот на починатите од епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 3.014 лица.

Според објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа поради епидемијата од короноварисурот во земјата починаа уште 31 лице, а се евидентирани и 139 нови случаи на зараза од вирусот.

Бројот на излечените лица од Ковид-19 кои се отпуштени од болница се зголеми на 52.045, додека бројот на лицата за кои постои сомневање дека се заразени од висуот изнесува 522.

Бројот на лицата под лекарски надроз пак, е намален на 32.870.

Епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија прогласи „итна состојба“.

 

 



Слични вести