Расте паниката од коронавирусот во Италија: Бројот на починатите се зголеми на 79

Во Италија како земја која е најмногу погодена од коронавирусот во Европа, бројот на починатите се зголеми на 79 лица, а случаите на зараза на 2.502 лица

1372074
Расте паниката од коронавирусот во Италија: Бројот на починатите се зголеми на 79

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија со смртта на уште 27 лица, се зголеми на 79.

Во Италија како земја која е најмногу погодена од коронавирусот во Европа, бројот на случаите на зараза се искачи на 2.502 лица.

Во земјата се затворени за привремено сите образовни институции, вклучувајќи ги и универзитетите.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во сојузната држава Вашингтон во Соединетите Американски Држави (САД) пак, се зголеми на 9 лица, а во Франција на 4 лица. 

Пристигна веста за првиот смртен случај и од Шпанија кадешто бројот на случаите на зараза од коронавирусот се зголемија на 161.

Во меѓувреме, владата во Велика Британија каде се утврдени 51 случај на Ковид-19 го соопшти својот акционен план.

Во акциониот план се истакнува дека приоритет е да се сопре ширењето на вирусот, дека во случај на ширење на епидемијата би можеле да се одложат лекувањата коишто не, се итни во болниците, дека би можеле да се повикаат на задача за поддршка пензионираните медицински сестри и лекари и дека би можело да се разгледа и затворањето на училиштата, намалувањето на манифестациите од широк обем и работењето од дома. 

Во Австралија пак, каде од коронавирусот животот го загуби едно лице  е соопштено дека бројот на лицата кај кои е утврден Ковид-19 е зголемен на 41 лице.

Во Полска, Чиле и Аргентина се регистрирани првите случаи на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во главниот град на Белгија, Брисел, е утврден првиот случај на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Европската одбранбена агенција (EDA) како институција на Европската унија (ЕУ).

Во објавеното писмено соопштение од Европската одбранбена агенција (EDA) е соопштено дека кај едно вработено лица е утврден Ковид-19 и дека пациентот од саботата вечер е ставен во карантин во неговиот дом.

Во Белгија која е домаќин на институциите на НАТО и Европската унија (ЕУ), бројот на случаите на зараза од Ковид-19 достигна до 25.

Во меѓувреме, групата на Светската банка соопшти дека со цел да им се помогне на земјите кои водат борба против медицинските и економските влијанија на епидемијата од Ковид-19, ќе биде ставен во примена почетен пакет во износ од приближно 12 милијарди долари.



Слични вести