Во подрачјето на Идлиб продолжуваат да умираат невини цивили

Во нападите коишто се реализираат од страна на режимот и неговиот поддржувач Русија врз населените места во подрачјето на Идлиб, во североозападниот дел на Сирија, продолжуваат да умираат невини цивили

1371051
Во подрачјето на Идлиб продолжуваат да умираат невини цивили

Во реализираните напади од страна на воени авиони на режимот и неговиот поддржувач Русија врз центарот на градот Идлиб и руралните места како последно животот го загубија уште 12 невини цивили од кои 4 деца.

Во нападите се ранети голем број цивили кои се префрлени на лекување во болници.

Во реализираниет воздушни напади од страна на руските воени авиони и вчера врз месноста Фуа во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, животот го загубија 9 цивили, а голем број беа ранети.

Руски воени, во текот на вчерашниот ден реализираа напади врз позициите на фронтовата линија и некои цивилни населени места во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, веднаш наспроти градот Хатај на турската страна на границата.

Во бомбардирањата беа погодени и цивилните население места во месноста Фуа во подрачјето.

Извори за цивилна одбрана соопштија дека во воздушните напади во месноста Фуа загинаа 9 цивили, а голем број беа ранети.

   



Слични вести