Некогаш и Грците биле бегалци кои се засолнале во Сирија

На првата страница на весникот „Ова е Ерусалим (Кудс)“ со датум од 1942 година, се раскажува како Сиријците им доставуваат хуманитарна помош на нивните „гости“ во еден бегалски камп формиран за грчките бегалци во Нејраб во подрачјето на Идлиб

1371127
Некогаш и Грците биле бегалци кои се засолнале во Сирија

Од историските архиви се дознава дека Грците кои денеска не ги примаат сириските бегалци па дури и ги убиваат безмилосно, во 1942 година бегајќи од окупацијата на Нацистичка Германија се засолнале на териториите на Сирија.

Според веста на Муса Кеслер објавена во весникот „Хурријет“, за време на Втората светска војна (1939-1945) во периодот кога Грција беше окупирана од нацистичка Германија, Грците мигрирале во бегалските кампови коишто биле формирани за нив во Сирија. 

На првата страница на весникот „Ова е Ерусалим (Кудс)“ со датум од 1942 година, се раскажува како Сиријците им доставуваат помош во облека и друг вид хуманитарна помош на нивните „гости“ во еден бегалски камп формиран за грчките бегалци во Нејраб во подрачјето на градот Алепо во Сирија.

Во овој период ѝ Турција и испратила на Грција хуманитарна помош со камиони на Грција која во тоа време се соочувала со глад и немаштија.



Слични вести