Коронавирусот во Иран досега одзеде 77 животи, а случаите на зараза се зголемија на 2.336

Коронавирусот продолжува да се шири во Иран кадешто досега животот го загубија 77 лица, а се заразени 2.336 лица

1371046
Коронавирусот во Иран досега одзеде 77 животи, а случаите на зараза се зголемија на 2.336

Бројот на починатите во Иран од новиот тип коронавирус (Ковид-19) заедно со уште 11 лица, се зголеми на 77, а бројот на случаи на зараза од вирусот се искачи на 2.336 лица.

Заменик претседателот на Парламентот на Иран Абдуриза Мисри, соопшти дека кај 23 пратеници е утврден зараза од нов тип коронавирус (Ковид-19).

„Досега тестовите за коронавирусот кај 23 пратеници се позитивни.“ - рече Мисри.

Привлекувајќи внимание дека овие пратеници имале близок контакт со народот и дека е можно вирусот да се пренел на тој начин, Мисри рече: „Со цел да се спречат штетите коишто би можеле да им се нанесат, им препорачуваме на пратениците да престанат да контактираат со граѓаните.“

Од друга страна, за спречување на ширењето на вирусот во Иран на 54 илјади затвореници им е дадена дозвола да си одат во своите домови.

Во меѓувреме, Светската здравствена организација (СЗО) испрати експертска екипа за Иран кадешто поради новиот тип коронавирус досега починаа 77 лица.

Во објавеното писмено соопштение од организацијата се истакнува дека експертската екипа испратена со цел поддршка на Иран во борбата против коронавирусот, пристигнала во главниот град Техеран. 

Како што се истакнува екипата составена од медицински експерти ќе работат заедно со иранските здравствени служби, ќе остварат посети на некои здравствени установи и лаборатории и ќе информираат иранските надлежни во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Во истото соопштение се додава дека е установена поврзаност на случаите на зараза од Ковид-19 регистрирани во Авганистан, Канада, Либан, Пакистан, Кувајт, Бахреин, Ирак, Уман, Катар и Обединетите Арапски Емирати со случаите во Иран.

Првите случаи на зараза од Ковид-19 се утврдени и во Украина, Саудиска Арабија, Сенегал, Тунис, Јордан и Мароко.

Бројот на лицата кај кои е утврден нов тип коронавирус (Ковид-19) во Ирак се зголеми на 27, во Либан на 13, во Катар на 7 и во Алжир на 5 лица.



Слични вести