Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Италија се зголеми на 52

Вчерашниот ден во Италија е регистриран како ден во кој починаа најголем број лица досега

1370502
Бројот на смртните случаи од коронавирусот во Италија се зголеми на 52

Во Италија од новиот тип коронавирус (Ковид-19) животот го загубија уште 18 лица со што бројот на смртните случаи во оваа земја се зголеми на 52.

Коронависурот во Италија за прв пат се појави на 21 февруари во петок по што продолжува да се шири со голема бризина и да одзема животи.

Вчерашниот ден е регистриран како ден во кој починаа најголем број лица досега за еден ден.

Генералниот директор на Агенцијата за цивилна заштита Анџело Борели на одржаната прес конференција во главниот град Рим соопшти дека заедно со уште 18 смртни случаи бројот на починатите од коронавирусот во земјата се зголеми на 52, а бројот на заразените се искачи на 1.835 лица.

Борели рече дека бројката на смртните случаи која што завчера беше соопштена како 34, е зголемена на 52, додека бројот на заразените и излечените заздравените лица достигна до 149.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус во Франција пак, се зголеми на 3 лица.

Како што се истакнува, како последно е откажан и Саемот на книгата во Париз за којшто се планираше да сер одржи од 20 до 23 март во францускиот главен град.

Тиери Бретон, европски комесар одговорен за внатрешниот пазар кој говореше за телевизискиот канал „BFMTV“ рече: „Поради коронавирусот има значаен застој во глобалната економија. Поради коронавирусот загубата на земјите на Европската унија (ЕУ) во туристичкиот сектор месечно изнесува 1 милијарда евра.“

Од друга страна, бројот на заразените лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Германија се зголеми на 157.

Бројот на смртните случаи од коронавирусот во сојузната држава Вашингтон во САД се искачи на 6 лица, а бројот на регистрираните случаи на зараза од вирусот со оваа земја се зголеми на 87.
 



Слични вести