Бројот на починатите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.945 лица

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека во последните 24 часа поради короноварисурот во земјата починаа уште 31 лице, а се евидентирани и 125 нови случаи на зараза од вирусот

1370714
Бројот на починатите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.945 лица

Бројот на починатите од епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.945 лица.

Во објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина се истакнува дека во последните 24 часа поради короноварисурот во земјата починаа уште 31 лице, а се евидентирани и 125 нови случаи на зараза од вирусот.

Вкупниот број на човечки загуби во земјата досега се зголеми на 2.914 лица, додека бројот на излечените и отпуштените лица од болница се зголеми на 47.204.

Епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.

 

 



Слични вести