Жозеп Борел ги повика министрите за надворешни работи на ЕУ на вонреден состанок за кризата во Идлиб
Жозеп Борел, високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика ги повика министрите за надворешни работи на вонреден состанок оваа недела за кризата во подрачјето на Идлиб, во Сирија

Министрите за надворешни работи на Европската унија (ЕУ) ќе се состанат за разгледување на кризата во подрачјето на Идлиб во северозападниот дел на Сирија.
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел, во врска со прашањето објави писмено соопштение во кое се истакнува следното: "Судирот во Идлиб се одразува сериозно на меѓународниот мир и безбедноста, станува причина за неописна болка."
Привлекувајќи внимание дека Европската унија (ЕУ) треба да ги вложи сите напори за стопирање на човечката криза, Борел рече: "Затоа оваа недела го повикувам на вонреден состанок Советот за надворешни односи, за разгледување на случувањата во Идлиб.
Борел наведе дека е во комуникација со сите актери и потсети дека упатил повик за враќање на прекин на огнот и воздржаност.
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел укажа на тоа дека кризата во подрачјето на Идлиб може да се реши само со политички методи и додаде дека Европската унија (ЕУ) е спремна да придонесе за ставање крај на оваа, криза.
Слични вести

Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан
Блинкен: Ќе побараме од Турција да биде домаќин на разговорите за договорот за мир во Авганистан