Жителите во подрачјата на Идлиб и Азез одржаа демонстрации со поддршка на Турција

Голем број лица кои се собраа во градовите Идлиб и Азез во Сирија извикуваа слогани со поддршка на Турција, читаа дови (се молеа за шехидите-загинатите војници) и извикуваа слогани со поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

1369674
Жителите во подрачјата на Идлиб и Азез одржаа демонстрации со поддршка на Турција

Во подрачјата на градовите Идлиб и Азез во Сирија беа одржани демонстрации со поддршка на Турција.

Жителите на населеното место Ахтарин кај Азез, инаку подрачје во северниот дел на Сирија коешто со реализираната операција Еуфратски штит на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) беше исчистено од теророт, одржаа демонстрација со поддршка на Турција, а протестираа против сирискиот режим.

Голем број лица извикуваа слогани со поддршка на Турција, читаа дови (се молеа за шехидите-загинатите војници) и извикуваа слогани со поддршка на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Голем број жители кои се собраа и во центарот на градот Идлиб и во подрачјето на операцијата Еуфратски штит, го изразија своето сочувство до Турција за нејзините војници шехиди (загинатите војници) кои се наоѓаат во Идлиб во согласност со договорите од Астана и меморандумот од Сочи, а воедно ја истакнаа и својата поддршка на новозапочнатата операција Пролетен штит во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија.

Насобраните лица исто така протестираа против Русија и Иран кои се наоѓаат на страната на Асадовиот режим и носеа транспаренти на коишто на турски и на арапски пишуваше „За 9 години за прв пат не се исплашивме од еден авион на небото“, „Интервенцијата на Турција ја дочекуваме со задоволство“, „Во Чанаккале нашите гробови беа комшии, нашата крв се измеша и во Идлиб“, „Ние и Турците сме браќа по религија, историја, цивилизација и човештво“.

 



Слични вести