Во Иран од коронавирусот досега починаа 54 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 978

Заедно со смртта на уште 11 лица бројот на починатите од коронавирусот во Ирансе зголеми на 54 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 978

1369597
Во Иран од коронавирусот досега починаа 54 лица, а бројот на случаите на зараза се зголеми на 978

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран со смртта на уште 11 лица, се зголеми на 54, а бројот на случаи на зараза се зголеми на 978.

Иранскиот министер за здравство Саид Немеки истакна дека за поразување на коронавирусот ќе биде започната севкупна мобилизација на народот и дека за два дена ќе бидат формирани 300 екипи кои ќе започнат со здравствен преглед.

Во објавеното писмено соопштение од министерството за здравство на Ирак пак, кадешто претходно беше соопштено дека се регистрирани 13 случаи на зараза, се истакнува дека е утврден коронавирус кај уште 6 лица кои пред кусо време се вратиле од Иран.

Вкупниот број на случаи на зараза евидентирани во Јужна Кореја кадешто поради вирусот досега починаа 20 лица, се зголеми на 3.736 лица.

Бројот на заразените лица кај кои е утврден нов тип коронавирус во Бахреин се зголеми на 47, во Либан на 10, а во Катар на 3 лица.

Поради епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот, голем број земји меѓу кои и Турција ги евакуираа своите граѓани кои останаа заглавени во кинескиот град Вухан.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.

Светската здравствена организација (СЗО) во петокот степенот на глобален ризик од Ковид-19 од „висок“ го покачи на „многу висок“.



Слични вести