Коронавирусот во Кина досега одзеде 2.914 животи

Комисијата за национално здравство на Кина соопшти дека во последните 24 часа поради короноварисурот во земјата починаа уште 42 лица со што бројот на смртните случаи се зголеми на 2.914 лица, а се евидентирани и 202 нови случаи на зараза

1369772
Коронавирусот во Кина досега одзеде 2.914 животи

Бројот на починатите од епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.914 лица.

Во објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина се истакнува дека во последните 24 часа поради короноварисурот во земјата починаа уште 42 лица од кои сите смртни случаи беа регистрирани во провинцијата Хубеј, епицентарот на епидемијата, додека се евидентирани и 202 нови случаи на зараза.

Вкупниот број на човечки загуби во земјата досега се зголеми на 2.914 лица.

Епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) којашто за прв пат беше утврдена на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.



Слични вести