Во Иран од коронавирусот досега починаа 26 лица, а бројот на заразени се зголеми на 245

Кијануш Џиханпур, одговорен за односи со јавноста при иранското министерство за здравство, соопшти дека бројот на смртните случаи од коронавирусот во Иран се зголеми на 26 лица, а бројот на случаите на зараза од смртоносниот вирус се искачи на 245 лица

1367883
Во Иран од коронавирусот досега починаа 26 лица, а бројот на заразени се зголеми на 245

Бројот на смртните случаи од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 26 лица, а бројот на случаите на зараза од смртоносниот вирус се искачи на 245 лица. 

Последната изјава во врска со бројот на починатите заразените лица од коронавирусот во Иран пристигна од страна на Кијануш Џиханпур, одговорен за односи со јавноста при иранското министерство за здравство.

Во меѓувреме, е соопштено дека денеска нема да се клања џума намаз (петочната молитва) во 23 провинции во Иран кадешто се регистрирани случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) на чело и со главниот град Техеран.

Според објавеното соопштение од Советот за утврдување на политики на измамите за џума во Иран, џума намаз (денеска) нема да се клања во 23 провинции од влупно 31 провинција во земјата.

Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири со голема брзина и во Јужна Кореја која се наоѓа на чело на земјите во кои се забележуваат најголем број случаи на коронавирусот, по Кина како земја во која се појави смртоносниот вирус. 

Во Јужна Кореја за еден ден се регистрирани 505 нови случаи на зараза. 

Бројот на починатите во оваа земја изнесува 13 лица, а бројот на заразените од вирусот изнесува над 1.700 лица.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе истакна дека за спречување на ширењето на коронавирусот ќе побара почнувајќи од понеделникот да се прогласи едномесечен одмор за сите основни, средни училишта и гимназии во земјата.

Бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Јапонија досега изнесува 8 лица.

Во меѓувреме, бројот на заразените лица од коронавирусот во Ирак се зголеми на 7, а во Либан на 3 лица.



Слични вести