Повик од ОН за поддршка на Турција во врска со сириските бгелаци

Балош потсети на повикот на ОН дека треба да се примат бегалците од Сирија во Турција и другите соседни земји

1368715
Повик од ОН за поддршка на Турција во врска со сириските бгелаци

ОН упатија повик до меѓународната заедница за продолжување и зголемување на поддршката на Турција во врска со сириските бегалци.

Гласноговорникот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН Бабар Балош на прес конференцијата во канцеларијата на ОН во Женева се осврна на состојбата на сириските беглаци во Турција и Идлиб.

Бабар Балош потенцираше дека светот не треба да го заборави фактот дека Турција е домаќин на 3,6 милиони сириски бегалци.

Балош потсети на повикот на ОН дека треба да се примат бегалците од Сирија во Турција и другите соседни земји, поради што го прошируваме апелот и до меѓународната заедница. Поддршката на Турција треба да продолжи и да се интензивира.

Во врска со информациите дека Турција ги отвори своите гранични премини за премин на бегалците кон Европа, Галош рече:

„Во врска со ова прашање сеуште немаме конкретни информации. Исто така нема ни извештај за некоја видлива раздвиженост по граничната линија“.

Гласноговорникот на Канцеларијата за координација на хуманитарните прашања на ОН Јенс Ларке рече дека од декември наваму околу 1 милион жители на Идлиб биле принудени да се исселат. Бегалците живеат во многу тешки услови. Тоа е многу трагична состојба.“



Слични вести