Умерените опозиционери продолжуваат да напредуваат во околината на Серакиб, во Идлиб

Опозиционерите во рамките на операцијата која ја започнаа против силите на Асадовиот режим, од утринските часови продолжуваат да напредуваат во руралните места на центарот на стратешкото населено место Серакиб, во подрачјето на Идлиб

1367815
Умерените опозиционери продолжуваат да напредуваат во околината на Серакиб, во Идлиб

Умерените опозиционери кои го повратија од рацете на режимските сили центарот на населеното место Серакиб, од стратешко значење во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, продолжуваат да напредуваат во руралните места.

Во тие рамки повторно ја воспоставија контролата во 4 села во околината на Серакиб.

Опозиционерите во рамките на операцијата која ја започнаа против силите на Асадовиот режим поддржани од Русија од воздух, од утринските часови продолжуваат да напредуваат во руралните места во околината на центарот на населеното место Серакиб, во југоисточниот дел на Идлиб.

Вчера, опозиционерите, повторно ја воспоставија контролата во селата Миџејзир, Салихије и Афес, а во текот на денот ја воспоставија надвласта во селата Тренбе, Шабур, Дадих и Зекар. 

Продолжуваат да се водат жестоки судири помеѓу умерените опозиционери и режимските сили, така да режимските сили кои ги засилија своите напади врз јужните области под стратешкиот магистрален пат М-4, по утринските часови не можеа да постигнат напредок.

Инаку, умерените опозиционери за враќање на населените места кои ги зазедоа режимските сили во јужниот дел на Идлиб, на 20 февруари започнаа операција на оската на населеното место Серакиб кое се наоѓа на точката кадешто се пресекуваат стратешките магистрални патишта М-4 и М-5 при што го вратија селото Нејраб.



Слични вести