Умерените опозиционери го повратија од рацете на режимот стратешкото населено место Серакиб, во подрачјето на Идлиб

По жестоки судири умерените опозиционери синоќа успеаја да го повратат од рацете на режимските сили стратешкото населено место Серакиб, во подрачјето на Идлиб

1367552
Умерените опозиционери го повратија од рацете на режимот стратешкото населено место Серакиб, во подрачјето на Идлиб

Умерените опозиционери во подрачјето на Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, по жестоки судири го повратија од рацете на режимските сили стратешкото населено место Серакиб.

Населеното место Серакиб кое се наоѓа на точката кадешто се пресекуваат магистралните патиштата т.е. автопатите М-4 и М-5 во Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, и со кои се поврзуваат најзначајните сириски градови, по жестоките судири со режимските сили повторно премина под контрола на умерените опозиционери.

Магистралниот пат автопатот М-4 ја воспоставува врската на Латакија со Алепо и Хама, додека магистралниот пат автопатот М-5 ги поврзува Алепо и главниот град Дамаск.

Умерените опозиционери кои синоќа пристигнаа во надворешните, периферните маала на населеното место, во понатамошните часови успеаја да ги разбијат позициите на режимските сили.

Во меѓувреме, во областа којашто се наоѓа под (јужно) автопатот М-4 армијата на режимот на Бешар Асад и терористичките групи под команда на Иранската Револуционерна гарда поддржани и од жестоките воздушни напади на руските воени авиони, зазедоа приближно 20 села или населени места од видот на фарми (чифлизи).



Слични вести