Расте билансот на коронавирусот во Иран

Саудиска Арабија соопшти дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) привремено ги одложи умрата и посетата на Месџид ел-Небеви (Џамија на божјиот пратеник)

Расте билансот на коронавирусот во Иран

Официјалната иранска новинска агенција ИРНА соопшти дека бројот на лица кои умреа во Иран од коронавирусот се зголеми на 22, додека кај уште 141 лице беше забележан коронавирус.

Саудиска Арабија соопшти дека поради новиот тип коронавирус (Ковид-19) привремено ги одложи умрата и посетата на Месџид ел-Небеви (Џамија на божјиот пратеник).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Министерството за надворешни работи за официјалната новинска агенција СПА беше истакнато дека за да се спречи епидемијата, беше одложен влезот во Саудиска Арабија и посета на џамијата Месџид ел-Небеви од страна на граѓаните со туристички визи и особено земјите каде што вирусот достигна сериозни димензии како и досегашната имплементација за граѓаните на земјите членки на Советот за заливска соработка со лична карта.

И во Пакистан се забележани првите случаи на зараза од новиот тип на коронавирусот (Ковид 19).

Министерот за здравство на Пакистан Зафер Мизра во објавата преку профилот на твитер рече дека во земјата која брои околу 200 милиони жители се утврдени два случаи на заразени од новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) и дека здравствената состојба на вие пациенти е добра.

Како последица на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19) во Кувајт беше прогласен распуст од две недели во март во образованието.

Портпаролот на владата Тарил ел-Мезрам во изјавата за новинарите рече дека на Владиниот состанок беше усвоена одлука почнувајќи од 1 март да се прогласи распуст во сите училишта.

Министерството за здравство соопшти дека кај уште едно лице кое патувало за Иран бил утврден новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), така што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 26 лица.

Кувајт евакуираше околу 800 граѓани на Иран каде што имаше голем број смртни случаи.



Слични вести