Во нападот на руските воени авиони врз подрачјето на Идлиб загинаа уште 4 цивили

Руските воени авиони во утринските часови реализираа воздушен напад врз селото Ернебе, кај населеното место Ериха, во подрачјето на Идлиб во кој загинаа 4 цивили

Во нападот на руските воени авиони врз подрачјето на Идлиб загинаа уште 4 цивили

Во реализираните напади од страна на руските воени авиони врз Зоната за намалување на затегнатоста (деескалација) во Идлиб, во северозападниот дел на Сирија, загинаа 4 цивили.

Продолжуваат нападите на режимот на Бешар Асад и неговиот поддржувач Русија од копно и од воздух врз подрачјето на Идлиб.

Авионската опсерваторија на опозиционерите соопшти дека руските воени авиони во утринските часови реализираа воздушен напад врз селото Ернебе.

Според добиени информации од екипите за Цивилна одбрана (Белите Беретки), во нападот врз селото Ернебе кај населеното место Ериха, во подрачјето на Идлиб животот го загубија 4 цивили. 

Од друга страна, Асадовиот режим исто така реализира жестоки напади од копно и од воздух врз населените места Кефер Увејд, Ернебе, Кенсафра, Сермин, Куменјас и Нејраб.



Слични вести