Рухани: Ширењето на страв во врска со коронавирусот претставува „непријателско компло“

Иранскиот претседател Хасан Рухани, ширењето на страв во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) го окарактеризира како „непријателско компло“

1366485
Рухани: Ширењето на страв во врска со коронавирусот претставува „непријателско компло“

Иранскиот претседател Хасан Рухани во говорот што го одржа на состанокот на Националниот центар за спречување на коронавирусот во Техеран информираше за мерките коишто се преземаат против болеста.

Рухани, ширењето на страв во врска со новиот тип коронавирус (Ковид-19) го окарактеризира како „непријателско компло“.

Велејќи дека во првите денови бројот на пациентите кои се обратија во болниците со поплаки беше висок, но дека во последните денови оваа бројка опаѓа и се зголемува бројот на излечените лица, Хасан Рухани рече: „Сите институции треба да бидат внимателни. Ширењето на страв во општеството и прогласувањето на одмор во земјата, претставува план и компло на непријателот. Сите треба да си ја гледаме нашата работа.“

Освен тоа, иранскиот претседател Хасан Рухани застана во одбрана на тоа дека почнувајќи од сабота сѐ ќе се врати во нормала.

Инаку, иранското министерство за здравство соопшти дека бројот на починатите од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во земјата изнесува 15 лица, а бројот на случаи на зараза од вирусот изнесува 95.



Слични вести