Растат случаите на зараза од коронавирусот во Европа: Најголем број смртни случаи има во Италија

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да се шири и во Европа кадешто расте бројот на случаи на зараза од болеста од која најголем број лица починаа во Италија

Растат случаите на зараза од коронавирусот во Европа: Најголем број смртни случаи има во Италија

Бројот на смртните случаи поради епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Италија се зголеми на 10 лица.

Во објавеното соопштение од Генералната дирекција за цивилна одбрана на Италија се истакнува дека во областа Ломбардија во северниот дел на земјата се регистрирани уште 3 смртни случаи со што бројот на починатите се искачи на 10 лица.

Според вестите објавени во грчките медиуми, по зголемувањето на бројот на утврдени случаи на зараза од вирусот народот во Патра е во паника поради што навалува на аптеките за да купи маски, но маски нема и се враќа со празни раце.

Во меѓувреме, и Федералниот центар за народно здравство на Швајцарија го потврди првиот регистриран случај на зараза од коронавирусот во земјата.

Во Романија пак, е утврден коронавирус кај едно лице кое пред 3 недели дошло од Италија.

Романскиот телевизиски канал „Realitatea Plus“ соопшти дека заболеното лице е ставено во карантин.

Француската влада исто така соопшти дека се забележани два нови случаи на зараза од коронавирусот. Преходно во оваа земја беа утврдени 12 случаи на заболени од кои едно лице почина.

Во Германија тестовите на 2 лица покажаа позитивен резултат и овие лица се наоѓаат на лекување. 

Во покраините Северна Рајна Вестфалија и Баден-Виртемберг заедно и со новите утврдени случаи со зараза бројот на заразените лица од новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 17.

Од друга страна, во градот Ќелн поради опасноста од коронавирусот е откажан Меѓународниот саем за железарија (Eisenwarenmesse) за којшто се планираше да започне на 1 март. Инаку, на овој саем кој се оценува како еден од најголемите саеми во светот во оваа сфера се очекуваше да учествуваат голем број фирми и од Турција. Саемот се планираше да започне на 1 март и да трае 4 дена.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) кој се појави на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот, досека стана причина за смртта на над 2.700 лица.

Коронавирусот се прошири во повеќе од 30 земји во светот и бројот на лицата ставени во карантин досега изнесува над 80 илјади.



Слични вести