Повик од 14 земји членки на ЕУ до Русија и сирискиот режим

Во заедничкиот напис на министрите за надворешни работи на 14 земји членки на ЕУ се вели: „Ги повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да стават крај на нападите во Идлиб и да се придржуваат кон постигнатиот прекин на огнот есента во 2018 година“

1367055
Повик од 14 земји членки на ЕУ до Русија и сирискиот режим

Министрите за надворешни работи на 14 земји членки на Европската унија (ЕУ) ги повикаа сирискиот режим и неговите поддржувачи да стават крај на нападите во Идлиб и да се придржуваат кон постигнатиот прекин на огнот есента во 2018 година.

Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан, германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас, италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, холандскиот министер за надворешни работи Стефанус Блок, шпанскиот министер за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја, португалскиот министер за надворешни работи Аугусто Ернесто Сантос Силва, белгискиот министер за надворешни работи Филипе Гофин, естонскиот министер за надворешни работи Урмас Реинсалу, полскиот министер за надворешни работи Јачек Чапитович, литванскиот министер за надворешни работи Линас Линкевичиус, шведската министерка за надворешни работи Ан Линдеи, данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод, финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто и ирскиот министер за надворешни работи Симон Ковенеј, напишаа заеднички напис за германскиот информативен портал t-online.

Во написот се упатува следниот повик: „Ги повикуваме сирискиот режим и неговите поддржувачи да стават крај на овој напад во Идлиб и да се придржуваат кон постигнатиот прекин на огнот есента во 2018 година. Ги покануваме веднаш да ја сопрат војната и да ги исполнат своите обврски во рамките на меѓународното хуманитарно право и правото.“

„Ја повикуваме Русија да ја олесни страотната состојба во Идлиб и да ги продолжи преговорите со Турција за придонесување кон политичкото решение“ - стои во заедничкиот напис на министрите за надворешни работи на 14 земји членки на Европската унија (ЕУ) и се бара од Русија да не го блокира барањето на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) за итно доставување на потребната хуманитарна помош во северозападниот дел на Сирија. 

Во написот воедно се напоменува дека кризата во Сирија може да се надмине само со политички процес, но дека режимот е фокусиран само на воената стратегија.

Во написот се изнесува следната констатација: „Режимот, попречувајќи ги уставните разговори коишто се водат од страна на специјалниот претставник на ОН во Женева Геир О. Педерсен, се обидува да ги поткопа политичките процеси.

Воедно се нагласува дека Европската унија (ЕУ) ќе ги продолжи своите напори за да не останат неказнети извршителите на кривични дела во Сирија.



Слични вести