Бројот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.717 лица

Според објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, бројот на починатите од епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.717 лица

1366385
Бројот на жртвите од коронавирусот во Кина се зголеми на 2.717 лица
Çin_virus...jpg
çin salgın.jpg
çin yeni doğan coronavirus
Çin.jpg

Бројот на починатите од епидемијата на нов тип коронавирус (Ковид-19) во Кина се зголеми на 2.717 лица.

Според објавеното писмено соопштение од Комисијата за национално здравство на Кина, во последните 24 часа во земјата животот го загубија уште 52 лица, додека се утврдени нови 406 случаи на зараза од новиот тип коронавирус (Ковид-19) .

На тој начин, вкупниот број на починатите од Ковид-19 во Кина се зголеми на 2.717 лица од кои двајца во Специјалната административна област Хонгконг, а бројот на потврдени случаи на зараза се зголеми на 78.064 лица.

Бројот на досега излечените и отпуштените лица од болница пак, се зголеми на 29.745 лица.

Новиот тип коронавирус (Ковид-19) за прв пат беше утврден на 12 декември 2019 година во градот Вухан, во кинеската провинција Хубеј, а потоа за кусо време се прошири и во другите градови низ цела Кина и во светот.

Веднаш потоа, Светската здравстена организација (СЗО) поради брзото ширење на оваа опасна епидемија којашто му се заканува на целиот свет, прогласи „итна состојба“.



Слични вести